јануари, 2020

31јан(јан 31)15:0002фев(фев 2)20:00Global Game Jam Makedonija 2020 - Скопје

Повеќе

Опис

Global Game Jam е најголемиот светски настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48-часовен маратон. Во 2019 година на Global Game Jam се сретнаа 47.000 џемери, се одржа на 860 локации во 113 земји и беа создадени 9000 игри.

Сите Вие кои сакате да креирате игри и знаете да цртате, моделирате, компонирате, програмирате, дизајнирате, мудрувате и продуцирате, па дури и само сакате игри, Вие сте за тука!

Нема потреба да имате тим. Дојдете и тука ќе соберете дружина за квестот наречен GGJM20!

‼ Задолжителна пријава на:
https://globalgamejam.org/2020/jam-sites/skopje-ggjm-2020

⚠ Цена на влезница за учесниците е 250 денари, а со тоа добивате:
Непрекинат интернет пристап, оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор, забава и нормално, топли простории во зимските денови!

Македонија го започна своето учество во 2013 година, а на него досега се сретнаа скоро 1700 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. До сега се создадени 162 видео игрa во прототип,
од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Global Game Jam Македонија 2020 очекува да има преку 350 учесници на локациите во Скопје, Битола и Охрид. Очекуваме да продефилира публика од неколку илјади луѓе за време на отварањето и затварањето, како и во текот на настанот.

Профили кои ќе се сретнат на GGJM20 се:
• Девелопери, 2Д и 3Д артисти, саунд дисајнери, продуценти и гејм дизајнери, експерти за монетизација,…
• Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата
• Гејм девелопмент ентузијасти од сите возрасти. Просечната возраст на нашите учесници е 25 години

Време

јануари 31 (петок) 15:00 - февруари 2 (недела) 20:00

Локација

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)

ул. Руѓер Бошковиќ 16, 1000 Skopje

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X