август, 2019

15авг20:0022:30Проекција на „Пред поплавата“ на Леонардо Ди Каприо

Повеќе

Опис

Климатската криза веќе сериозно се заканува. Минатиот месец беше најжешкиот месец во историјата на човештвото. Ако нешто итно не се преземе, последиците ќе бидат катастрофални. И несразмерно повеќе ќе ги погодат сиромашните граѓани и земјите од периферијата на капитализмот.

Документарецот „Пред поплавата“ е од 2016 година. Во него Леонардо Ди Каприо посетува различни региони од светот, истражувајќи го влијанието на глобалното затоплување предизвикано од луѓето. „Пред поплавата“ претставува солиден воведен документарец за сите оние што сакаат да се запознаат со катастрофалните последици од климатските промени и за ургентноста од преземањето акција.

Проекцијата ќе се одржи во четврток во социјалниот центар Дуња со почеток од 20 часот. Преводот на филмот ќе биде на српско-хрватски. Доколку дозволат временските услови, проекцијата ќе биде на отворено – во дворот на СЦ Дуња, по проекција следува дискусија.

Време

(четврток) 20:00 - 22:30

Локација

Социјан Центар Дуња

Рајко Жинжифов 22, Скопје

X